Потпредседателката на САД, Камала Харис, која по повлекувањето на Џо Бајден од претседателската трка најверојатно ќе ја добие номинацијата да биде демократски кандидат кој ќе му се спротивстави на Доналд Трамп на престојните претседателски избори, во изјавата која ја објави на социјалната мрежа Х вели:
Пред да станам потпретседател и пред да бидам избран за американски сенатор, бев јавна обвинителка на Калифорнија. Пред тоа, јас бев обвинителка кој се занимаваше со предатори, измамници и лажговци.
Значи го знам типот на Доналд Трамп.
Во оваа кампања ќе го ставам мојот рекорд против неговиот.
Before I became vice president and before I was elected as U.S. senator, I was the attorney general of California. Before that, I was a prosecutor who took on predators, fraudsters, and cheaters.
So I know Donald Trump’s type.
In this campaign, I will put my record against his. pic.twitter.com/fdnlJNTIKH
— Kamala Harris (@KamalaHarris) July 23, 2024
Демократските конгресни лидери од Сенатот и Претставничкиот дом, Чак Шумер и Хаким Џефрис, во изјава на прес брифинг што се одржа денеска на Капитол Хил, дадоа поддршка потпретседателката Камала Харис да се номинира за претседателски кандидат од Демократската партија.
И други видни демократи објавија дека ја поддржуваат нејзината кандидатура. Претставничката Ненси Пелоси од Калифорнија, поранешната спикерка на Претставничкиот дом, ја даде својата поддршка за Харис синоќа,
Поддршка за Харис, меѓу другите даде и актерот Џорџ Клуни.
Драган Мишев