Силно невреме го погоди Букурешт.

Поројните дождови предизвикаа хаос, десетици улици беа поплавени, дрвја паднаа врз автомобили, а сообраќајот беше блокиран во неколку населби. Поплавен е и трговски центар, а клиентите беа евакуирани, вклучително и оние што беа во киното.

Неколку летови не можеа да слетаат на главниот аеродром и беа пренасочени, според локални медиуми.

Во близина на Букурешт, две лица беа однесени од пороите во чамец што претходно се превртел.

По едно лице сè уште трае потрагата.

Градскиот транспортен оператор STB издаде предупредување кратко по почетокот на бурата, наведувајќи повеќекратни блокади на трамвајски линии. За неколку минути, неколку линии беа целосно прекинати или пренасочени, а патниците мораа долго да чекаат на станиците, во поројниот дожд.

Неколку автобуски линии беа целосно блокирани од вода, а дрво што падна на електричната мрежа запре одредени линии.

Слична беше ситуацијата и со трамваите, кои не можеа да сообраќаат поради паднати дрвја и гранки.

Неколку населби во Букурешт беа парализирани поради огромната количина вода. И центарот и периферијата ги почувствуваа последиците од невремето. Водата навлезе во подрумите на бројни станбени згради, а беа уништени и дворовите на приватните куќи. Има и извештаи дека водата навлегла во домовите, што бара итна интервенција на пожарникарите.

Текстот (Видео) Исчезнати лица, поплавени улици и населби: силно невреме во Букурешт е превземен од МАКФАКС.