Кајри Ирвинг се здоби со повреда на левото колено за време на натпреварот Далас Маверикс-Сакраменто Кингс и прашање е колку долго ќе отсуствува. Пред да го напушти паркетот, тој направи потег кој беше поздравен од навивачите кои го скандираа неговото име, а Далас Маверикс го опишаа како „дефиниција на силата“.
Во турбулентната сезона на Маверикс, во која тимот од Тексас остана без лидерот Лука Дончиќ, сега играч на ЛА Лејкерс, Ирвинг требаше да биде тој што ќе се погрижи заминувањето на Словенецот да мине безболно.
Левото колено Ирвинг го повреди во една акција при резултат 23:16 за Кингс во првата четвртина. За време на нападот дојде до контакт помеѓу Ирвинг и Демар Дерозан, поради што ѕвездата на Далас изгуби рамнотежа.
Ирвинг чекаше помош за да ја напушти играта. Она што ги воодушеви присутните во салата и на социјалните мрежи се случи неколку моменти подоцна. Со помош на две лица, Ирвинг со куцање се врати на теренот за да ги изведе слободните фрлања.
Публиката стана, го скандираше неговото име. Ирвинг мораше да ги изведе за да има шанса да се врати на теренот подоцна во натпреварот доколку се укаже прилика.
Ирвинг ја започна својата кариера во 2011 година како прв пик на Кливленд Кавалирс. Во клубот со кој го освои шампионскиот прстен во 2016 година остана до 2017 година, а потоа настапуваше за Бостон Селтикс и Бруклин Нетс. Во Далас е од 2023 година, а сезонава игра со просек од 24,7 поени, 4,8 скока и 4,6 асистенции по натпревар.
Натпреварот заврши со убедлива победа на кралевите кои во еден момент имаа и 32 поени предност. Ги предводеа Зак ЛаВин со 22 поени и Дерозан со 20.
Најмногу поени за Далас постигна Каи Џонс, 24-годишниот кошаркар од Бахамите, кој во понеделникот потпиша двонасочен договор со клубот.
Текстот (Видео) Ирвинг не можеше да оди поради коленото, но ги погоди слободните фрлања е превземен од МАКФАКС.