Ливерпул е вториот тим после Баерн Минхен, кој го обезбеди „билетот“ за четвртфиналето од Лигата на шампионите. Иако Интер триумфираше на „Енфилд“ со резултат 0:1, „Црвените“ отидоа понатаму благодарение на вкупниот резултат 2:1, откако победија на „Сан Сиро“ (2:0).
Првото полувреме заврши како што започна, бидејќи ниту една од двете екипи не ги реализираа многуте акции. Ливерпул го започна вториот дел посилно, а Мохамед Салах не успеа да постигне гол од непосредна близина, погодувајќи ја стативата.
Кога „црвените“ вршеа преголем притисок, благодарение на контранапад, Санчез асистираше до Лаутаро Мартинез кој постигна еврогол за 0-1 (62′). Но, само неколку секунди подоцна Санчез беше казнет со црвен картон откако доби два жолти картони (63′).
Понатаму, Ливерпул доминираше со Салах, кој повторно успеаа да ја погоди стативата.
Салах: Ќе се бориме во Лигата на Шампионите и Премиер Лигата
По натпреварот Салах изјави дека важно е што се во четвртфиналето и дека до крај ќе се борат за Лигата на шампионите и Премиер лигата.
„Беше тежок натпревар, гостите беа добри Имавме проблеми во почетокот на натпреварот, но најважно е што се квалификувавме. Ја удрив стативата двапати, можеби следниот пат ќе постигнам три гола. Ова е добар натпревар за учење, секогаш е важно да се победи, но понекогаш губиш шанси, и тоа може секому да му се случи. Доброто е што не е во лигата и сме квалификувани. Сите сакаат да ја освојат Лигата на шампионите и Премиер лигата. Ќе се бориме и за двете. Ќе видиме“, изјави Салах.
За Ливерпул тоа беше првиот пораз на домашен терен од 7 март 2021 година, каде што беа непоразени на 28 натпревари.