Во Харбин, Кина се одржува уште еден меѓународен фестивал на скулптури од мраз и снег. Традиционално претставен со кули, палати и замоци направени од мраз.
Фестивалот во Харбин, град во кинеската североисточна провинција Хеилонгџијанг, е еден од најголемите од ваков вид.
На него се претставени високи објекти од мраз и снег, а ќе се организираат и активности како санкање, хокеј на мраз, фудбал на мраз, брзо лизгање и алпско скијање.
Фестивалот првпат беше организиран во 1963 година, а беше прекинат за време на Кинеската културна револуција, за да продолжи во 1985 година.