Повеќе од 2 000 луѓе се загинати, а околу 6 000 се водат за исчезнати во градот Дерна, во Либија, каде што под притисокот на поплавите од бурата Даниел се урнале две брани, пренесува Си-Ен-Ен.
„Како резултат на поплавите се урнаа три моста, а водата однесе цели населби“, изјави Ахмед Мисамари, портпарол на Либиската национална армија.
Бурата Даниел ја зафати Либија во неделата, поради што властите прогласија вонредна состојба, а источните градови Бенгази, Сус, Дерна и Ал-Марџ беа сите погодени.
After devastating Greece in the country’s worst ever flood disaster, #medicane Daniel submerges East Libya under water. First estimate of 2,000 dead, many missing thought to have been washed out to sea. Apocalyptic. #ClimateCrisis #ClimateActionNow pic.twitter.com/HTxgiTQbaz
— George Tsakraklides (@99blackbaloons) September 11, 2023
Како што пренесува Би-би-си, либискиот Црвен крст соопштил дека покрај зголемениот број на жртви, уништени се и најмалку 150 домови.
Шефот на хуманитарната мрежа на Црвената полумесечина рече дека најмалку 150 смртни случаи се регистрирани само во Дерна, пренесува Ројтерс.
Шефот на либиската источна влада Осама Хамад ја опиша ситуацијата како „катастрофална и без преседан“.