Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека значителното намалување на рускиот ракетен терор над Харков докажува дека е можно да се заштитат украинските градови од руските бомбардирања, велејќи дека затоа модерните системи за противвоздушна одбрана за Украина – Патриоти – и забрзувањето на обуката на нашите пилоти за Ф-16, и што е најважно, „доволниот дострел на нашето оружје се навистина неопходни“.
„Неопходни за заштита на човечки животи – и исклучиво за оваа цел. Им благодарам на сите во светот кои не поддржуваат во ова. Рускиот терор мора да биде победен, а тоа е во интерес на сите што сакаат да живеат во свет без војна, кој терористите секогаш го шират кога не се поразени“, изјави Зеленски.
Тој понатаму вели дека врховниот командант Александар Сирскиј и министерот за одбрана на Украина Рустем Умеров го информираа за контактите со меѓународните партнери и нивните очекувања.
„Благодарни сме за одобрените пакети, но ни требаат целосно и на бојното поле – без одложувања. И сè што договоривме со претседателот Бајден мора да се спроведе“, заклучува Зеленски.
Н. А.