Криминолошката серија „Лупин“, која ја гледаат стотици милиони луѓе на „Нетфликс“, ги воодушеви гледачите ширум светот.
Многумина велат дека „се заљубиле во серијата по првите пет минути од првата епизода“.
Францускиот трилер првпат се емитуваше во 2021 година, а главните улоги ги играат Омар Си, Лудивин Сање и Клотилд Хесме. Во центарот на заплетот е Асан Диоп (Си), кој е инспириран од приказните за познатиот измислен крадец Арсен Лупин и самиот станува вешт криминалец. Синопсисот вели дека Асан „се одмаздил на богато семејство кое му згрешило на неговиот татко“.
Серијата е создадена од Џорџ Кеј и Франсоа Узан, а од премиерата досега има собрано импресивни 99,5 милиони прегледи на „Нетфликс“.
На социјалните мрежи гледачите пишуваат: „Лупин на Нетфликс – совршена десетка. Погледнете го“, „Тукушто го гледав Лупин. Одлична серија, ве држи заинтересирани до крај“ и „Мора да го гледате Лупин на Нетфликс. Едноставно е серија за мој вкус“.
Но, не сите го делат истото мислење.
Еден корисник напиша на страницата со рецензии: „Омар Си како Лупин е шармантен, но заплетите се сосема нереални… понекогаш едноставно глупави. Се чинеше дека има потенцијал бидејќи продукцијата е врвна, но приказните се навистина претерани.“
Текстот (Видео) Започна снимањето на новата сезона од серијата што ја гледаа 100 милиони луѓе е превземен од МАКФАКС.