Две лица загинаа, а повеќе од еден милион останаа без струја во Канада, откако ледена бура погоди две од најнаселените провинции пред празничниот викенд, носејќи замрзнат дожд и силни ветрови кои урнаа дрвја и далноводи, пренесува Ројтерс.

Advertisements

Еден човек загина во Квебек кога врз него паднало дрво, додека друг настрада во источниот дел на Онтарио кога го удрила гранка што паднала.

– Ова е многу тежок момент… Прекин на струја за толку многу луѓе, паѓање дрвја, бури што оштетува згради, автомобили и други работи – изјави канадскиот премиер Џастин Трудо.

Нешто помалку од милион луѓе останаа без струја во Квебек и околу 110.000 во Онтарио до 16 часот по локално време, јавува Ројтерс.

Градоначалникот на Отава, Марк Сатклиф, очекува екипите за поправка на далноводи наскоро да го вратат напојувањето на голем дел од околу 65.000 засегнати корисници.

– Некои области во главниот град на земјата сѐ уште се изложени на ризик поради врнежите и прекините на електричната енергија кои влијаат на сообраќајната сигнализација – рече Сатклиф.