Меган Маркл се појави и на презентацијата на новата колекција на Баленсијага во рамките на Неделата на модата во Париз.
Освен што привлече внимание со својата облека, сопругата на принцот Хари се најде и во „центарот на скандал“.
Додека се поздравуваше со италијанскиот дизајнер Пјер Паоло Пицоли, Меган Маркл доживеа непријатна ситуација што беше снимена на камера.
@saintleon They almost kissed #meghanmarkle #balenciaga #runaway #parisfashionweek #princeharry ♬ original sound – Saint Léon
Според снимката што се прошири на интернет, пријателите додека се поздравуваа и бакнуваа во образ, се удрија и за малку ќе се бакнеа во уста.
Дизајнерот и Меган се насмеаја по овој „инцидент“ и гордо позираа за фотографите од странските медиуми.
Текстот (Видео) За малку ќе паднеше бакнеж: Меган Маркл доживеа непријатност пред светот е превземен од МАКФАКС.