Кефалонија вчера, четврток ја зафати силно невреме, а обилните врнежи предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави на повеќе места во Грција.

Во меѓувреме, од друга страна, поради земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, вонредна состојба е прогласена на островот Аморгос, кој се наоѓа во непосредна близина на Санторини.

Ситуацијата во Кефалонија е драматична. На патиштата имаше одрони, тони кал ги покри улиците, додека родители со деца останаа заробени во автомобилите, поради што требаше пожарникарите да интервенираат за да ги ослободат.

Во јужна Кефалонија има обилни врнежи од дожд кои континуирано паѓаат од четвртокот навечер. Метеоролошките станици, лоцирани во различни делови на островот, забележаа високи врнежи на повеќе места.

Вонредна состојба на островот Аморгос

Островот го потресе земјотрес со јачина од 5 степени, а првата мерка беше затворање на училиштата. За речиси 2 недели, забележани се повеќе од 14.000 сеизмички активности.

Аморгос, кој има помалку од 2.000 постојани жители, се смета за помалку ранлив поради неговиот карпест терен и помалку густата градба од Санторини.

Во неодамнешната изјава за „Грик Репортер“, градоначалникот на Санторини, Никос Зорзос, го изрази својот оптимизам за ситуацијата во иднина.

„Ова е феномен што ќе заврши. Не може да трае вечно. Овие земјотреси ќе траат неколку дена, неколку недели, а потоа ќе престанат… Санторини ќе се врати како што беше“, рече тој.

Текстот (Видео) Драматична ситуацијата во Кефалонија поради силно невреме, Аморгос го потресе земјотрес со јачина од 5 степени е превземен од МАКФАКС.