Густ црн чад го прекри градот Мартинез, Калифорнија, каде утринава избувна пожар во рафинерија од големи размери, при што беа повредени шест работници. Четири лица ќе бидат префрлени во болница, а граѓаните се повикани да не излегуваат од домовите додека се вршат проверки за да се утврди дали постои закана по јавното здравје.

Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат густ чад кој извира од рафинеријата додека пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот.

Немаше евакуација, но властите побараа од граѓаните да не ги напуштаат своите домови, доколку не е неопходно.

„Ве молиме, останете внатре, затворете ги сите прозорци и врати, исклучете ги сите греалки, климатизери и вентилатори“, советуваа здравствените власти.

Од засега непознати причини во рафинеријата избувнал пожар, а на небото се издигнале густи црни облаци од чад. Пожарот беснееше повеќе од пет часа.

Неколку главни патишта беа затворени поради пожар и чад.

Како што е соопштено, луѓето со респираторна чувствителност може да бидат особено погодени, а може да се јави и иритација на очите, кожата, носот и грлото.

Текстот (Видео) Драма во Калифорнија: избувна голем пожар во рафинерија, властите бараат граѓаните да не излегуваат од дома е превземен од МАКФАКС.