Лука Дончиќ пристигна во Лос Анџелес по еден од најспектакуларните трејдови во историјата на НБА.
Словенечкиот интернационалец ќе го носи дресот на славниот клуб, додека центарот Ентони Дејвис замина во спротивен правец, во Далас Маверикс.
Пред пристигнувањето во градот на ангелите, еден од најдобрите кошаркари на денешницата им се обрати на навивачите на Маверикс, кои се уште се во неверување поради заминувањето на нивниот најдобар играч.
„Пред седум години дојдов во Далас за да го остварам мојот сон да играм кошарка на највисоко ниво. Мислев дека тука ќе ја поминам целата моја кариера. Љубовта и поддршката што ги добив беа поголеми отколку што можев да сонувам. За момче од Словенија што дојде во Америка, направивте Северен Тексас да стане мој дом. Низ добрите и лошите времиња, од повредите до финалето на НБА, вашата поддршка секогаш беше иста. Ви благодарам што не само што споделивте убави моменти, туку и ме подигнавте кога ми беше најпотребно“, напиша Дончиќ.
#MFFL pic.twitter.com/qVMcV2uh5m
— Luka Doncic (@luka7doncic) February 2, 2025
Дончиќ посебно истакна една работа.
„Кога дојдов, мислев дека целата кариера ќе ја поминам во Далас. Многу сакав да ви ја донесам титула. Им благодарам на сите со кои работев во Далас во заедницата, што им помогнав на луѓето на кои им беше потребна помош. На мојот нов кошаркарски почеток го напуштам градот кој секогаш ќе го сметам за дом. Далас е посебен град, а навивачите на Мевс се посебни фанови. Ви благодарам од се срце“, стои во писмото на Лука Дончиќ.
First moments in the City of Angels.
Welcome to LA, @luka7doncic! pic.twitter.com/gTRZHUBQAR
— Los Angeles Lakers (@Lakers) February 3, 2025
Текстот (Видео) Дончиќ се прости од навивачте на Далас: Сакав да ви донесам НБА титула е превземен од МАКФАКС.