Синоќа, во натпревар од НБА Купот, Голден Стејт Вориорс пред своите гледачи ги совладаа Далас Маверикс со 120:117. Вориорс и понатаму се меѓу најдобрите екипи во лигата со скор од 9-2, додека Вориорс со негативен скор од 5-6 сега се на 11-то место во Западната конференција.
Овој натпревар беше првиот во кој на спротивните страни беа Стеф Кари и Клеј Томпсон, Кари и Томпсон беа легендарниот тандем на „Splash Brothers“ во Голден Стејт цели 13 години и заедно освоија четири шампионски титули.
Натпреварот имаше трилер завршница во која се истакна Кари. Тој ги постигна последните 12 поени за својот тим, вклучително и тројката преку Дерек Лајвли на помалку од 30 секунди со која ја зголеми предноста на Вориорси на четири поени. Натпреварот го заврши со 37 поени, девет асистенции и пет тројки.
Од друга страна, Лука Дончиќ не постигна ниту еден поен во последната четвртина, а натпреварот го заврши со 31 кош. Тој и Кајри Ирвинг, кој постигна 21 поен, искомбинираа десет загубени топки, што беше значаен фактор за поразот.
Томпсон го одигра еден од најдобрите натпревари од почетокот на сезоната, постигна 22 поени (шест тројки).
Дрејмонд Грин одигра брилијантна дефанзивна партија и пополни неколку статистички категории со 11 поени, седум скока, шест асистенции, три украдени топки и две блокади.
Резултати:
Бостон – Атланта 116:117
Детроит – Мајами 123:121 пр.
Орландо – Шарлот 114:89
Филаделфија – Њујорк 99:111
Милвоки – Торонто 99:85
Јута – Феникс 112:120
Портланд – Минесота 122:108
Текстот (Видео) Далас без решение за Стеф Кари – Вориорс ги победија Маверикс е превземен од МАКФАКС.