Второто коло во Лига Европа започна со големо изненадување. Еден од фаворитите во ова натпреварување, Галатасарај, не успеа да победи во Рига, против РФС, тим чија вкупна вредност според „Трансфермаркт“ изнесува девет милиони евра, колку што изнесува годишната плата на Мауро Икарди.
Турскиот тим добро влезе во мечот стекна предност од два гола, преку Мертенс во 12. и Акгун во 38.минута и тука застана. Две минути подоцна РФС намали преку Икауниекс, а во 55.минута Одишерија го постави конечниот резултат.
Резултати:
Олимпијакос – Брага 3:0 (1:0)
/Ел Каби 45, 59, Есе 53/
Ференцварош – Тотенхем 1:2 (0:1)
/Варга 90 – Сар 23, Џонсон 86/
Карабаг – Малме 1:2 (1:1)
/Жунињо 15 – Ботејм 19, 47/
Макаби Тел Авив – Митјиланд 0:2 (0:1)
/Франкулино 39, Чилуфја 89/
Лацио – Ница 4:1 (2:1)
/Педро 20, Кастеланос 35, 53, Закањи 67пен – Бога 41/
Славија Прага – Ајакс 1:1 (0:1)
/Чори 67 – Ван ден Бомен 18пен./
Хофенхајм – Динамо Киев 2:0 (1:0)
/Хложек 22, 60/
Реал Сосиедад – Андерлехт 1:2 (1:2)
/Пабло Марин 5 – Луис Васкез 28, Леони 39/
Текстот (Видео) Галатасарај не успеа да го победи РФС Рига е превземен од МАКФАКС.