Најмалку 51 лице, меѓу кои и деца, загинаа во поплавите што зафатија делови од Шпанија.

Најкритична ситуација во моментов е во Валенсија, Малага и Гранада.

Спасувачите се уште неуморно трагаат по исчезнатите, а на теренот има околу 1.000 војници.

Сите оние кои беа спасени и кои не можат да се вратат во своите домови се во импровизирани центри.

Во спортскиот комплекс „Петкина“ ноќта ја минаа 50-тина лица кои претходно беа спасени од порои.

Со ужас се сеќаваат на сето она што го доживеале, но се среќни бидејќи се уште се живи.

Меѓу нив е и Пако, кој вели дека за само неколку минути се нашол заробен во поројна поплава, која за малку ќе го чинеше живот.

„Ме спаси чудо“, изјави тој за Ел Мундо.

„Водата скина дел од моите алишта од моето тело. Имам модринки и гребаници по целото тело. Кога водата носеше сè, се држев за она што можев. Брзината на водата беше неверојатна“, рекол тој.

Оние кои не биле евакуирани се заглавени во своите куќи и чекаат помош. Најтешко беше погодена Валенсија, каде неколку лица се уште се водат како исчезнати.

Текстот (Видео) „Водата ми ја скина облеката од телото, чудо е што сум жив“: преживеан од поплавите во Шпанија раскажа неверојатна приказна е превземен од МАКФАКС.