Во сообраќајна несреќа во австралискиот град Мелбурн повредени се 45 основци, од кои 18 се хоспитализирани, јавува Би-Би-Си.
Според агенцијата, во автобусот најпрвин удрил камион, а потоа се превртел. Во него имало 45 ученици. 18 од нив, на возраст од 5 до 11 години, биле пренесени на итна операција, а едно е задржано на интензивна нега.
Во болница е пренесен и 52-годишниот возач на автобусот со повреди кои не се опасни по живот.
Полицијата соопштила дека судирот се случил неколку километри откако го напуштил основното училиште Ексфорд, на западниот дел на Мелбурн.
Децата останале заглавени во автобусот сѐ додека на местото не пристигнале случајни минувачи, вклучувајќи го и возачот на камионот и многу од нивните учители, кои дошле да им помогнат на спасувачките екипи.