Еквадорскиот претседател Даниел Нобоа издаде декрет со кој се потврдува дека Еквадор е во состојба на „внатрешен вооружен конфликт“ и нареди „неутрализација“ на бандите вклучени во трговијата со дрога.
Ова доаѓа откако синоќа тешко вооружени гангстери упаднаа во студиото на една од најголемите телевизии во Еквадор за време на програма во живо, додека криминалните банди започнаа серија навидум координирани напади низ јужноамериканската земја. Носејќи пиштоли, митралези и динамит, маскирани криминалци упаднаа во седиштето на мрежата ТЦ Телевизион во најголемиот град во Еквадор, Гвајакил, околу 14 часот по локално време, и под закана со оружје им наредиле на вработените во телевизијата да легнат на подот пред да биде прекинат преносот во живо.
NEW: Ecuadorean television station is taken hostage by armed thugs during a live broadcast.
Wild.
The staff was told to lie down on the floor as gun shots could be heard in the background.
The incident comes as gangs continue to take over the streets in Ecuador after President… pic.twitter.com/1ZyDxy4BRO
— Collin Rugg (@CollinRugg) January 9, 2024
Подоцна еквадорската полиција објави дека сите вооружени напаѓачи се уапсени и дека целиот персонал и заложниците се ослободени.
CAPTURADOS
Como resultado de la intervención en @tctelevision #GYE, nuestras unidades policiales hasta el momento logran la aprehensión de varios sujetos e indicios vinculados al ilícito.
Posterior más detalles… pic.twitter.com/tPq7FfaGcM
— Policía Ecuador (@PoliciaEcuador) January 9, 2024
Претседателскиот декрет го признава „постоењето на внатрешен вооружен конфликт“ и наредува „мобилизација и интервенција на вооружените сили и полицијата за гарантирање на суверенитетот и националниот интегритет против организираниот криминал, терористичките организации и недржавните воинствени сили“. .
Нобоа наредува и „неутрализација“ на сите криминални групи и дава исцрпен список: „Агилас, АгиласКилер, АК47, Кабаљерос Оскурос, ЧонеКилер, Чонерос, Ковичерос, Куартал де лас Феас, Кубанос, Фаталес, Ганстер, Катер Пилер, Лагартос, Латин Кингс, Лобос, Лос п.27, Лос Тибурнес, Мафија18, Мафија Требало, Патронес, Р7, Тигеронес.
Бандите, од кои повеќето беа улични само до пред неколку години, станаа крвави актери во трговијата со дрога со меѓународни пипала, откако Еквадор стана главна извозна точка за кокаин произведен во Перу и соседна Колумбија. Таа земја сега е опустошена од насилството на бандите и трговците со дрога.
Јавниот непријател број 1, водачот на Choneros (банда од околу 8.000 луѓе, според експертите), Адолфо Масијас, алијас „Фито“, избега од затворот во Гвајакил во неделата, предизвикувајќи невидена безбедносна криза низ целата земја, голема предизвик за претседателот Нобо (36), избран во ноември минатата година со ветување дека ќе ја врати безбедноста во земјата.
Шефот на државата во последната точка од указот ја подвлекува потребата вооружените сили да дејствуваат „според меѓународното хуманитарно право и со почитување на човековите права“.
Во меѓувреме, Владата на Перу прогласи вонредна состојба долж нејзината северна граница со Еквадор, откако бран насилства ја погоди соседната земја кога еквадорскиот нарко бос Адолфо Марсијал Виламар Фито избега од затвор.
Перуанскиот премиер Алберто Отарола најави дека како дел од прогласувањето на вонредна состојба, ќе бидат распоредени одреден број воени трупи за поддршка на полициските сили.
М. Д.