Најмалку 89 лица се уште се водат како исчезнати по катастрофалните поплави што ја погодија југоисточна Шпанија минатата недела, соопштија регионалните судски власти во најтешко погодената провинција Валенсија.

Во соопштението се наведува дека во бројот на исчезнати се вклучени само лица чие исчезнување го пријавиле членовите на семејството, објави весникот „Ел Паис“.

Семејствата дадоа лични податоци и биолошки примероци за да се овозможи идентификација на исчезнатите.

„Се уште има исчезнати лица кои треба да се најдат“, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез на прес-конференција во Мадрид.

Санчез најави дека владата ќе одвои 10,6 милијарди евра за помош на настраданите.

Најмалку 217 лица загинаа во поплавите во Шпанија минатата недела, а форензичарите досега идентификуваа 133 лица.

Текстот (Видео) Валенсија парализирана: се уште се трага по луѓе е превземен од МАКФАКС.