Екипите на Брага и ПАОК, преку пенал рулетот, успеаја да се пласираат во четвртфиналето на Лига Европа и Конференциската Лига. Брага успеаа да анулира негативата од 2 гола од првиот натпревар благодарејќи на головите на Мадеирос и Хорта. Во пенал рулетот, домашниот голман Матеус, имаше 3 одбрани.
Солунски ПАОК е последниот осминафиналист во Конференцуската лига, откако вечерва по пенал-рулетот го победија дански Митјиланд со 5-3 по ударите од белата точка, откако реваншот по 120 минути игра заврши 2-1 (0-1 по првиот меч).
Претходно, ПАОК можеше многу порано да ја заврши работата зашто по половина час игра имаше 2-0 со головите на Живковиќ и Виеириња, но Митјиланд успеа да се спаси и да ја пролонгира разрешницата со гол на десет минути пред крајот на регуларниот дел, а потоа мрежите мируваа во дополнителните 30 минути, па решаваа пеналите.