Кошаркарите на Бостон Слетикс надополнија минус од 26 поени и славеа во Филаделфија 118:110. Во ноќта зад нас седмата последовна победа ја забележаа играчите на Мемфис Гризлис. мемфис убедливо победија во Милвоки 132:119.

Актуелните шампиони, Бостон Селтикс, до 35.победа во сезоната дојдоа на спектакуларен начин. Се вратија од негатива од 26 поени и ја победија филалделфија.

Ги предводеше Џејсон Тејтум со 35 поени, од кои 13 постигна во четвртата четвртина, а имаше и 11 асистенции и седум скока.

Во победата придонесоа Џејлен Браун со 21 поен, 10 скока и шест асистенции, Кристапс Порзингис со 18 поени и седум скока и Дерик Вајт со 17 поени и девет асистенции.

Најефикасен во тимот на Филаделфија беше Тајрис Макси со 34 поени. Ова беше петти последователен натпревар на кој постигнува најмалку 30 поени, а 14-ти последователен натпревар со најмалку 28 поени.

Во првото полувреме постигна 23 поени и имаше шест асистенции.

Гершон Јабусуле додаде 21 поен и шест скока, Кели Убре 18 поени и 13 скока, а Џастин Едвардс запиша 12 поени и седум скока.

Мемфис го совлада Милвоки со 132:119 и ја забележа седмата последователна победа во меѓусебните дуели.

Џерек Џексон беше најефикасен во победничкиот тим со 37 поени, а Санти Алдама постигна 23 поени и забележа осум скока.

Дезмонд Бејн додаде 22 поени со девет скока, а Зек Иди имаше 14 поени со 11 скока.

Милвоки последен пат го победи Мемфис на 19 јануари 2022 година.

Бакс го претрпе четвртиот пораз во последните пет натпревари, а најефикасен беше Јанис Адетокумбо со 30 поени, 11 скока и седум асистенции.

Текстот (Видео) Бостон од -26 до триумф во Филаделфија, Мемфис победи во Милвоки е превземен од МАКФАКС.