Волфзбург преку Борусија Дортмунд избори место меѓу 16. најдобри екипи во Купот на Германија. Натпреварот на „Фолксваген арена“ го реши Јонас Винд во 117.минута, кога го постигна единствениот гол.
Германската јавност се прашува дали челниците на Борусија, во јули донесоа добра одлука кога се разделија со Един Терзиќ и за тренер го назначија неговиот помошник Нури Шахин.
Шахин треба да биде загрижен за својот статус и иднината на клупата. Во Бундеслигата загуби два од последните три натпревари и зад водечкиот тандем (Баерн и Лајпциг) заостанува седум бода; во Лигата на шампионите успеа да прокоцка 2:0 и да доживее тежок пораз од Реал Мадрид.
Неговиот севкупен учинок откако ја презеде Борусија е повеќе од скромен, во 13 натпревари тој забележа седум победи и дури пет порази, од кои два беа катастрофални, споменатиот во Мадрид од Реал (5:2) и од Штутгарт во Бундес лигата (5:1).
Резултатите се лоши, а тимот е посилен од тимот што го имаше Терзиќ минатата сезона. Борусија во летниот преоден рок потроши 80.000.000 евра, во клубот дојдоа Серу Гираси, Валдемар Антон, Јан Куто, Паскал Грос и Макс Баер.
Текстот (Видео) Борусија Дортмунд е во сериозна криза, испадна од Купот на Германија е превземен од МАКФАКС.