Коосновачот на Мајкрософт, милијардерот Бил Гејтс (68) за прв пат проговори за својата девојка Пола Херд (60). Пола е вдовица и е во врска со Гејтс од 2023 година.
„Имам среќа што имам сериозна девојка, која се вика Пола. Се забавуваме, одиме на Олимпијада и правиме многу други кул работи”, прокоментира Гејтс при гостувањето во популарната емисија „Тудеј“.
Новинарката Савана Гатри потоа го прашала за неговите внуци. Ќерката на Бил, Џенифер, всушност ги има ќерките Миа и Лејла, а на прашањето дали ги наследиле неговите вештини, Гејтс одговорил дека не сака да ги принудува да го прават истото како него. „Ќе се обидам да бидам добар дедо. Ќе им читам книги, како моите баба и дедо“, заклучил тој.
Да потсетиме, Гејтс неодамна го коментираше разводот со сопругата Мелинда Френч Гејтс. Во интервју за „Тајмс“, тој го опиша разводот како една од најголемите грешки во животот: „Има повеќе, но ниту една од нив не е важна. Разводот беше болен за Мелинда и мене најмалку две години“.
Текстот (Видео) Бил Гејтс за прв пат ја коментираше новата врска: Се забавуваме, одлично е е превземен од МАКФАКС.