Бен Афлек неодамна ја коментираше улогата на неговата поранешна сопруга Џенифер Лопез во филмот Unstoppable во интервју за Entertainment Tonight Sunday.
Драмата ја режираше Вилијам Голденберг, а главни продуценти беа Бен Афлек и Мет Дејмон.
„Уметниците кои работеа на тоа, тоа го направија со голема страст. Били Голденберг, Џенифер, Дон Чидл, Џарел и Боби Канавал – сите тие беа многу страсни“, рече Афлек, додавајќи дека Unstoppable е уште еден пример за филм, за кој тој и неговиот колега Мет Дејмон се навистина горди и дека верувале во луѓето со кои соработуваат, а тој ја истакна нивната емотивна поврзаност со приказната, истакнувајќи дека „Џенифер е спектакуларна“.
Многу нивни обожаватели истакнаа дека им се допаѓа, како што велат, неговото зрело однесување и дека и по разводот и сите несогласувања што ги имале, добро зборува за неа. Сакале или не, мора да признаете дека е добра актерка“, беше само еден од коментарите.
Текстот (Видео) Бен Афлек ја коментираше новата улога на Џенифер Лопез: Таа е спектакуларна е превземен од МАКФАКС.