Аргентина го доживеа вториот пораз во квалификациите за пласман на Светското првенство, а во исто време Бразил одигра нерешено во Венецуела.

По неуспехот против Колумбија во второто коло, „гаучосите“ во 11.коло загубија во Парагвај со 2:1.

Парагвај првпат по 2009 година успеа да слави во меч против Аргентина.

И покрај овој пораз, Аргентина останува на врвот на табелата со три бода повеќе и натпревар повеќе од Колумбија, која допрва треба да одигра натпревар во 11. коло, каде што ќе се сретне со Уругвај.

Аргентина поведе во 11. минута преку Лаутаро Мартинез, кој ја доведе својата репрезентација во водство со додавањето на Енцо Фернандез.

Но, само осум минути подоцна беше виден најубавиот момент на натпреварот, Густаво Веласкез нафрли од десната страна, а Антонио Санабрија фати ножички и од десетина метри го совлада официјално најдобриот светски голман Дибу Мартинез.

Победата Парагвај ја обезбеди во 47.минута, кога Омар Алдерете со глава ја упати топката во голот по центаршутот на Диего Гомеш.

Бразил не успеа д слави во Венецуела и остана втор на табелата со 17 поени.

Бразил имаше поконкретни можности, водство, дури и пенал за, победа, но Венецуела одолеа и му одзеде два бода на фаворитот.

Бразил поведе во 43. минута, кога Рафиња, кој првпат ја носеше „десетката“ со помош на стативата постигна феноменален гол од слободен удар.

Венецуела израмни уште во првата минута од продолжението, а голот го постигна Теласко Сеговија.

Бразил можеше да дојде до ново водство во 62. минута, но пеналот на Винисиус го одбрани Рафаел Ромо.

Текстот (Видео) Аргентина пад на во Асунсион, Бразил не успеа да победи во Венецуела е превземен од МАКФАКС.