Полуфиналниот натпревар на Реал во Копа дел Реј против Реал Сосиедад (0:1) во средата беше накратко прекинат поради скандирањата од публиката упатени кон дефанзивецот на Реал, Раул Асенсио.
Натпреварот на стадионот „Реале Арена“ беше прекинат непосредно пред полувремето, кога капитенот на Реал, Винисиус Жуниор го известил судијата Хозе Марија Санчез Мартинез дека играчите слушнале скандирања „Асенсио, умри“.
Судијата го активираше шпанскиот протокол против омраза, кој бара пораката прво да се прикаже на големите екрани на стадионот, а исто така да се чита преку звучниците.
„Престанете со расистичките, ксенофобичните и нетолерантни скандирања. Поддржете го вашиот тим со почитување на противникот“, се вели во пораката.
Тренерот на Реал, Карло Анчелоти го замени Асенсио на полувремето, а на негово место го зазеде Лукас Васкез.
„Винисиус разговараше со судијата, судијата ја прекина играта и го примени протоколот“, рече Анчелоти на прес-конференцијата по натпреварот.
Никој не сака стадионот да скандира „умри““, додаде Анчелоти.
„Тешко му паднаа скандирањата. Затоа го заменив во полувремето. Неговите емоции можеа да влијаат на него”.
Toda la afición vasca de la Real Sociedad está pitando en cada jugada a Raúl Asencio del Real Madrid, que sigue imputado por presunta pornografía infantil. pic.twitter.com/3O2krnQ01r
— Fonsi Loaiza (@FonsiLoaiza) February 26, 2025
22-годишниот дефанзивец Асенсио го имаше своето деби за првиот тим во ноември минатата година и оттогаш стана важен член на тимот, играјќи во двата натпревари од плеј-офот на Реал против Манчестер сити овој месец.
Овој инцидент се случува во време кога Асенсио се соочува со истрага за неговата улога во дистрибуцијата на сексуално експлицитно видео во кое е вклучено малолетно лице.
Фудбалер на Реал за ширење на детска порнографија, може да заглави пет години во затвор
Текстот (Видео) Анчелоти: Морав да го заменам Асенсио, му скандираа „умри“ е превземен од МАКФАКС.