Адријана Лима се врати на модната писта два месеци откако објави дека го чека своето трето дете. Таа, имено, беше дел од модната ревија на Александер Ванг под наслов „Градот на среќата“ (Fortune City) во Лос Анџелес.
Носеше исечен фустан и чизми до над колена, залижана коса, а изгледот го надополни со темен кармин и златни обетки. Во шоуто учествуваа и Алесандра Амбросио, Кендис Свонпул и Амелија Греј Хамлин.
Во февруари таа на Тик-ток објави дека очекува дете со Андреа Лемес. Во видеото кое го објави на Инстаграм, таа откри дека овојпат се работи за момче.
Лима и Лемерс ја официјализираа својата врска минатата година на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција. Познатата манекенка ги има ќерките Валентина (12) и Сиена (9) од бракот со српскиот кошаркар Марко Јариќ. Тие се разведоа во 2016 година.
Adriana Lima you’ll always be mother pic.twitter.com/qsh0aOU6WQ
— jp (@jadorejp) April 20, 2022