Тешка сообраќајна несреќа се случи во американската држава Њујорк. Туристички автобус кој се враќал од Нијагарините водопади кон Њујорк излетал од патот во канал и се превртел. Во автобусот имало повеќе од 50 патници, а полицијата потврдила дека има повеќе смртни случаи и повредени.

Несреќата се случила на автопатот I-90 во близина на Пембрук, град на околу четириесет километри источно од Бафало.

„Според моменталните информации, има повеќе смртни случаи, заробени во автобусот и повредени“, изјави Џејмс О’Калаган, портпарол на полициската управа на Њујорк.

На местото на несреќата веднаш беа испратени повеќе амбулантни возила и медицински хеликоптери за да ги пренесат повредените до најблиските болници. Според О’Калахан, повеќето патници биле од индиско, кинеско и филипинско потекло, поради што на местото на несреќата биле повикани преведувачи. Возачот на автобусот ја преживеал несреќата.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) Автобус со повеќе од 50 туристи излета од пат во САД, има загинати и повредени е превземен од МАКФАКС.