Најмалку 36 лица загинаа, а шест се повредени кога автобус падна во клисура во северната индиска држава Утараханд, изјави официјален претставник за „Ројтерс“.
Автобусот со 42 патници патувал од Гарвал на Хималаите и бил на пат кон градот Рамнагар.
Many feared dead after bus falls into gorge in #Uttarakhand
The accident occurred near Kupi in Ramnagar at Pauri-Almora border when a Garwal Motors Users’ 42-seater bus fell into a gorge.
Details here
https://t.co/VzejE1WJtF pic.twitter.com/SoCAs6CIiy — The Times Of India (@timesofindia) November 4, 2024
На фотографиите од новинската агенција „АНИ“ се гледа како превртениот автобус лежи покрај реката во подножјето на ридот.
Главниот државен министер Пушкар Синг Дами на „Икс“ објави дека ќе се спроведе истрага за причините за инцидентот.
Текстот (Видео) Автобус падна во провалија во Индија, најмалку 36 загинати е превземен од МАКФАКС.