Десет лица загинаа откако чартер-авион, при слетување, се урнал на автопат северно од Куала Лумпур.
Авионот, во кој се превезувале шест патници и двајца членови на екипажот, полетал од меѓународниот аеродром „Лангкави“ и се упатил кон аеродромот „Султан Абдул Азиз Шах“, соопшти Управата за цивилно воздухопловство на Малезија, пренесува Си-ен-ен.
In Malaysia, the plane fell directly onto the highway. Ten people died – the local edition of the Malay Mail.
The light private aircraft was traveling from Langkawi International Airport to Sultan Abdulaziz Shah Airport in Kuala Lumpur. It crashed on the outskirts of the … pic.twitter.com/7LnRL4za21
— Iris Schneider (@IrisEllen0355) August 18, 2023
„Првиот контакт на авионот со кулата за контрола на летање Субанг беше во 14:47 часот, а дозволата за слетување беше дадена во 14:48 часот. Во 14:51 часот по локално време, контролната кула забележа чад, но авионот не издаде повик за помош“, се додава во соопштението.
Авионот удрил во автомобил и мотоцикл на автопатот, при што загинале уште две лица.
Министерот за транспорт Ентони Лок рече дека истрагата е во тек.