Дали некогаш ви се случило по пиење на шолја кафе да ви се приспие и се прашувате зошто кафето делува на тој начин на вас?
Постојат неколку причини зошто луѓето веднаш по будењето наутро пијат кафе, а најчестата од нив е дека зголемувањето на количината на кофеин им помага на многумина да се расонат. Меѓутоа, не секоја шолја кафе го дава истиот ефект.
Во некои ситуации, луѓето доживуваат спротивен ефект – се чувствуваат уште поуморно. Всушност, постои причина зошто е тоа така, но и начини на кои можете да се справите со таквата ситуација.
Што е кофеински пад и што го предизвикува?
Причината поради која се чувствувате уште поуморно по пиењето кафе се сведува на појавата наречена „caffeine crashing“ или кофеински пад. Кофеинот сам по себе е стимуланс, а тоа значи дека ја зголемува активноста која се одвива во вашиот мозок и нервниот систем.
Самиот овој аспект значи дека влијанието на кофеинот на луѓето кои го внесуваат во телото може да биде различно за секого. Некои се полни со енергија, додека други доживуваат кофеински пад.
Ова не се сведува сè на генетиката – нутриционистката Клара Носк објаснува дека разликата помеѓу таквите реакции на кофеинот може да биде предизвикана и од други фактори, на пример колку сте спиеле, колкаво е вашето моментално ниво на анксиозност, дали доволно сте јаделе, каков е вашиот внес на шеќери и дали сте внеле доволна количина на вода во организмот.
Причините исто така постојат и на молекуларно ниво. Во човечкото тело постои молекул наречен аденозин кој ве прави поспани. Аденозинот може да делува како блокада, скратувајќи ви ја енергијата која ви ја дава кофеинот.
„Кога консумирате кофеин, тој се врзува за аденозинските рецептори во мозокот, со што привремено ја блокира нивната функција. Меѓутоа, кога кофеинот ќе исчезне, сиот тој наталожен аденозин ќе ја изврши својата функција, давајќи ви ефект на пад на енергијата“, вели диететичарката Сара Мухамед.
Како да пиете кафе, а да не се чувствувате уморно?
Постојат неколку едноставни решенија за ваквиот проблем, а нутриционистите издвојуваат две: за секоја испиена шолја кафе да испиете исто толку вода и да ја намалите количината на шеќер, засладувачи или сируп кој го внесувате или да преминете на стевија.