Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј Ди Венс, изјави дека САД понудиле „многу експлицитен предлог“ до Русија и Украина на патот кон мировен договор и истакна дека „е време тие или да кажат „да“ или САД да се повлечат од процесот“, објави денес Блумберг. „Мислам дека ќе се повлечат нови линии на конфликт таму каде што се моментално постоечките или во непосредна близина“, рече Венс за време на обраќањето пред новинарите во Индија, откако ја заврши својата обиколка на Таџ Махал.
Тој додаде дека ова значи дека и Украина и Русија ќе мора да се откажат од дел од териториите што моментално ги контролира една од страните.
„Ќе мора да има размена на територии“, рече Венс, додавајќи дека двете страни мора „да го положат оружјето, да го замрзнат конфликтот и да продолжат да градат подобра Русија и подобра Украина“.
Тој истакна дека е оптимист во врска со преговорите, додавајќи дека гледа оти сите страни досега преговарале „со добра волја“. Блумберг наведува дека замрзнувањето на конфликтот по постојната линија на фронтот би било многу поголема загуба за Украина, чија намера беше да ги врати сите територии на исток и југ од земјата што Русија ги зазеде во периодот од 2011 година, вклучувајќи го и Крим. Претходно, американските претставници изјавија дека САД се подготвени да ја признаат руската контрола врз Крим и да ги ублажат санкциите кон Москва, како дел од потенцијален мировен договор, но украинскиот претседател Володимир Зеленшик изјави дека неговата земја не може де јуре да го признае Крим, бидејќи тоа е спротивно на украинскиот Устав, пренесува Танјуг.
Разговорите планирани за денес во Лондон меѓу највисоките претставници на САД, Украина и големите европски сили беа сведени на средби на техничко ниво откако американскиот државен секретар Марко Рубио ја одложи посетата.
Текстот Венс: САД понудија експлицитен предлог за прекин на војната, време е страните да се согласат е превземен од МАКФАКС.