Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, изјави дека не е во ред освојувачот на Лига Европа да обезбеди место во Лигата на шампионите.

Манчестер Јунајтед и Тотенхем, по првите полуфинални натпревари се блиску до пласман во финалето во Билбао на 21 мај.

За двата тима Лига Европа е единствената шанса наредната сезона да играат во Лигата на шампионите, бидејќи во Премиер лигата сезнава се очајни. Јунајтед се 15-ти, а Спарс 16-ти на табелата.

УЕФА ги промени своите правила во 2014 година за да им овозможи на победниците на Лига Европа автоматски да се квалификуваат за Лигата на шампионите следната сезона, но Венгер не се согласува со ова правило.

На прашањето дали е исправно победниците на Лигата на Европа да обезбедат место во Лигата на шампионите, Венгер за „BeIN Sports“ изјави: „Не. Тие автоматски треба да се квалификуваат за Лига Европа, но не и во Лигата на шампионите. Особено кога сте во Премиер лигата, каде што пет тима веќе се квалификува.“

„Мислам дека тоа е нешто за кое УЕФА треба да размисли и да го разгледа. Од друга страна, луѓето ќе ви кажат дека за да биде Лига Европа интересна и мотивирачка, мора да им ја дадете таа награда (квалификација за Лигата на шампионите).“

Текстот Венгер: Не е во ред освојувачот на Лига Европа да оди во Лигата на шампионите е превземен од МАКФАКС.