Ракометарите на Вардар против Металург мораа добро да се намачат за да стигнат до планираните бодови и победа од (38:30).
Металург беше расположен да му парира на шампионот во најголем дел од натпреварот, а на полувреме имаше и водство 18:19.
Составот од „Автокоманда“ ја одржуваше неизвесноста до пет-шест минути до крајот на средбата, но Вардар успеа да издоминира во завршната фаза и на крајот стигна и до убедлива победа 38:30, со резултат кој не го отсликува она што се случуваше во најголем дел од натпреварот од македонската машка ракометна Супер лига.
Дибиров со 8 голови беше најефикасен во победничкиот тим, а еден помалку постигнаа Талески и Моралес. Во редовите на Металург, одличен настап имаше Мане кој го заврши натпреварот со 9 голови.
Вардар ја оствари и шестата победа од исто толку натпревари, задржувајќи го првото место пред Тинекс Пролет, кој денеска славеше на гостувањето кај Струга со 21:24.
foto: derbi.mk