Главниот пад во играта се случи на крајот од второто полувреме почнувајќи од 26. минута до кога се играше изедначено. Тогаш Дибиров, кој царуваше во цело прво полувреме погоди за 12-11 за Вардар. Алборг потоа постигна четири гола едноподруго, Вардар не реализира три напади, од кои еден пенал и водството на паузата стигна до 16-13.

Предноста на Алборг достигна и највисоки седум разлика, последно во 46. минута, кога водеше со 27-20, па потоа македонскиот првак повторно се созеде и одигра поорганизирано.

Томовски успеа да запре два напади и Вардар, па со четири гола по ред Вардар дојде на 29-27 во 56. минута. Сепак, Алборг не дозволи да прокоцка се што градеше и ја зачува победата, предводен од повратникот Арон Палмарсон со девет гола. Толку постигна и Дибиров, но сите во првото полувреме, а Кевин Њокас го следеше со седум.

Со вториот пораз во пет кола, Вардар падна на шестото место, со пет бода во групата А, Алборг се зацврсти на првото со осум. Во следната рунда, на 27 октомври, во Скопје гостува Кил, кој вечерва одигра нерешено, 32-32 против Пик Сегед на свој терен.

ГРУПА А: Алборг 8, Кил 7, Пик Сегед 6, Елверум 6, Монпелје 5 (-1), Вардар 5, Загреб 1, Мешков Брест 0.