Лоши вести за македонскиот ракомет доаѓаат од Келн. Како што неофицијално дознава Balkan-Handball.com, Европската ракометна федерација донела одлука да му забрани на македонскиот шампион, скопски Вардар, да настапува во Лигата на шампионите на ЕХФ во сезоната 2022/2023.
Advertisements
Причина за ваквата одлука е нерасчистената финансиска состојба, која го доведе во прашање настапот на двократниот освојувач на Лигата на шампионите на ЕХФ од 2017 и 2019 година и минатата сезона, но ЕХФ тогаш му прогледа низ прсти на тимот од салата „Јане Сандански“ .
Официјалната одлука се очекува до крајот на неделата.