Ливерпул, синоќа ја заврши сезната во Лигата на шампионите. „Црвените“ на пенали беа елиминирани во осминафиналето од ПСЖ.

По елиминацијата од Лигата на шампионите, новинарите го прашаа капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк дали ќе остане во клубот и по истекот на договорот ова лето.

„Честитки за ПСЖ, тие се најдобриот тим против кој сме играле оваа сезона. Заслугите одат кај тренерот Луис Енрике. Тој изгради многу добар тим“, изјави Холанѓанецот пред да зборува за својот статус во клубот. „Не знам што ќе се случи со мене следната сезона. Ако некој ви каже дека знае, ве лаже во лице. Дали мојот договор е на листата на чекање? Не. Јас секогаш го велам истото. Кога ќе има некакви вести ќе ве известам“.

Со Ливерпул Ван Дајк ја освои Лигата на шампионите во 2019 година, Премиер лигата во сезоната 2019/20, Светското клупско првенство и Суперкупот на УЕФА. Тој е во клубот од 2018 година и забележа 310 настапи и постигна 26 голови.

Неговиот договор со Ливерпул важи до 30. јуни оваа година. По натпреварот со ПСЖ, тој беше виден како разговара со претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи и спортскиот директор Луис Кампос. Некои навивачи претпоставуваа дека зборувале за потенцијалниот потпис на Ван Дијк за клубот од Париз.

Текстот Ван Дајк: Не знам каде ќе играм следната сезона е превземен од МАКФАКС.