Вакцинираните имаат помал ризик да развијат продолжен ковид ако се заразат со коронавирус, покажа британската анализа.
Експертите анализирале докази и податоци од 15 студии спроведени низ целиот свет.
Резултатите покажале дека вакцините значително го намалуваат ризикот од инфекции и тешки болести, вклучително и симптоми како што се замор.
Анализата, исто така, покажала дека невакцинираните лица кои се инфицираат со коронавирус и добиваат продолжен ковид, имаат многу подобри резултати ако потоа се вакцинираат.
Делови од студијата се фокусираат на ефектите од вакцинацијата пред и по инфекцијата и го откриле следново:
Луѓето заболени од ковид кои примиле две дози од „Фајзер“, „Астра Зенека“ или „Модерна“ или една доза од вакцината „Џонсон и Џонсон“, имаат двојно поголема веројатност да развијат симптоми на продолжен ковид кој трае повеќе од 28 дена, отколку луѓето кои примиле само една доза вакцина или воопшто не биле вакцинирани.
Вакцината беше најефикасна против продолжен ковид кај лица постари од 60 години.
Кај лицата кои се вакцинирани откако веќе се заразиле со ковид, се забележува дека вакцината ги ублажила и не ги влошила симптомите на ковид, ниту веднаш, ниту по неколку недели.
Луѓето кои страдаат од продолжен ковид најчесто наведуваат замор, отежнато дишење и болки во мускулите и зглобовите, пишува Би-би-си.
Ваквите симптоми може да траат повеќе од четири недели.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.