Во фабриката на Фијат во Крагуевац ќе започне да се произведува електричниот модел на моделот „Панда“. Ова е резулатат на договорот на претседателот Вучиќ со компанијата „Стелартис“ чии дел е и Фијат.
Електричната Панда ќе се произведува од 2024 година. „Пандата“ со години е еден од најпродаваните модели во Европа но и во Македонија.
Се очекува новата Panda да се базира на концептот Centoventi од 2019 година. Технолошки би требало да биде сличен на електричните модели од групацијата Stellantis – Peugeot-208 и Opel Corsa.
По димензии би бил сличен на сегашната Panda, односно компактен градски модел.
новиот модел може да позајми многу од електричниот Fiat 500, како што се батериите и електричниот погон.
Новиот модел ќе им биде интересен на сопствениците бидејќи ќе можат да променат многу работи во него и да го прилагодат на себе, а наместо класичниот екран, ќе можат да го користат својот смартфон или таблет.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.