Можеби никогаш не сте се запрашале што има за ручек Ана Винтур, најмоќната жена во светот на модата. Уредничката на „Вог“ има 72 години и изгледа витално и свежо, многумина би и дале помалку години отколку што е.
Нејзината нова биографија открива што јаде за ручек и светот е изненаден!
Според нејзината биографија, Ана Винтур (72) секој ден во канцеларија јадела исто за ручек. Станува збор за стек од њујоршкиот ресторан „The palm“ со капрезе салата без домати.
Да, иако салатата капрезе е направена од домати и сирење од моцарела, Винтур изгледа не ги „сака“ доматите, па затоа секогаш барала да не ги сервираат кога и носат ручек.
А секој ден, откриваат нејзините соработници, за овој ручек плаќала по 77 долари или околу 73 евра, бидејќи се работи за елитен ресторан во Њујорк.
Многумина се изненадени затоа што веруваат дека салатата капрезе, која е омилено едноставно италијанско јадење, се „сквернавела“ со отстранување на најважната состојка.