Преговорите за безбеден извоз на украинско жито преку Црното Море со посредство на ОН се закажани за утре, со учество на сите страни, изјави на 2 мај висок украински функционер.
„Разговорите се закажани за утре. Сите страни се вклучени… Се надеваме дека ќе има резултати“, изјави за Ројтерс извор кој одби да биде именуван.
Русија, која ја нападна Украина во февруари минатата година, најави дека нема да дозволи продолжување на договорот постигнат во јули минатата година по 18 мај, бидејќи нејзините барања за олеснување на извозот на руски житарки и ѓубрива не се исполнети.