Бугарија засега нема донесено одлука дали целосно ќе се откаже рускиот гас, откако пред два дена бугарските власти најaвија дека договорот со руски Гаспром нема да биде продолжен. Министерот за енергетика од Бугарија, Александар Николов вели дека се бараат други алтернативи за испорaка на гас, а за прекин на договорот нема одлука. Земјава во целост зависи од одлуката на Бугарија, бидејќи целосното снабување оди преку оваа држава. Србија веќе реагираше за можниот прекин на рускиот гас бидејќи за тоа плаќа транзитна такаса.
„Со сигурност ни е јасно дека Европа треба да биде понезависна и со понизок степен на користење на природен гас од Русија. Ако природниот гас биде доставен до Бугарија ќе гарантираме и снабдување на С.Македонија и соседните земји. Ако се преговара за испорака не течен гас и ако се дискутира за целосна промена на картата за испорака секако дека ќе се почитува новиот пристап“, рече Александар Николов, министер за енергетика на Р.Бугарија.
Земјава засега нема друга алтернатива за снабдување на природен гас освен од Бугарија, се додека не се изгради интерконекторот со Грција, вели министерот за економија, Крешник Бектеши.
„Ние имаме само една поврзана точка за испорака на гас, а тоа во моментов е Р. Бугарија, ние немаме друга алтернатива, ја имаме само алтернативата побрзо да го изградиме интерконекторот со Грција, кој најверојатно кон средината на на оваа година ќе се објави јавен повик за изградба“, рече Бектеши.
Покрај поврзувањето со Грција, Бектеши најави и физибилити студија за гасно поврзување со Бугарија, преку Петрич до Струмица.
Андреа Чобанова