Откако во последното деноноќие се регистрирани 601 нов случај на заболени, бројот на активни активни случаи на Ковид-19 во државата се искачи на 7.836.  Најмногу новозаболени повторно има во Скопје, каде вчера беа регистрирани нови 217 случаи. Потоа следува Битола со 68, Велес 34, а Кавадарци и Куманово по 31.

Согласно последниот извештај на Министерството за здравство, досега во земјата се направени 1.404.750 тестирања на Ковид-19, а вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во Македонија, од почетокот на епидемијата изнесува 205.623, а починале 7.217 лица.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.