Бројот на жртви од серијата земјотреси што ја погодија Гватемала во вторник се искачи на четири, откако беше откриено телото на тинејџер закопан во свлечиште.

Најсилните земјотреси во вторник попладне беа со магнитуда од 4,8 и 5,7 степени, со епицентри во градовите Аматитлан и Алотонанго, во близина на главниот град, според Американскиот геолошки завод (USGS).

Според агенцијата за координација на катастрофи Конред, бројот на жртви се искачи на четири по откривањето на телото на тинејџер во Санта Марија де Хесус (југозапад), областа најтешко погодена од земјотресите.

Неколку часа претходно, претседателот Бернардо Аревало објави на X дека бројот на жртви е три: двајца мажи чие возило било затрупано од камења и жена која била жртва на лизгање на земјиштето во селото. Во својот последен извештај, Конрад исто така рече дека земјотресите оставиле стотици луѓе без покрив над главата и оштетиле десетици куќи, како и неколку патишта и мост.

Аревало ја прекина наставата во училиштата. Неработен ден е прогласен во трите најтешко погодени департмани: Гватемала Сити, Ескуинтла и Сакатепекес. Стотици луѓе ја поминаа ноќта од вторник до среда на улиците или во парковите од страв од потреси.

Текстот Бројот на жртви расте по серијата земјотреси во Гватемала: пронајдено е тело на тинејџер е превземен од МАКФАКС.