Поради руските напади, многу Украинци во главниот град Киев се засолниле под земја, поточно во станиците на подземната железница.
Станиците за кратко време беа исполнети со многу семејства и деца. И покрај тоа што на различни начини се обидуваа да ја задржат смиреноста, стравот ги обзеде.
Жителите на Киев велат дека се засолнуваат каде можат, бидејќи ситуацијата насекаде е ужасна.
„Утрото владееше тотална паника. Хистерија. Солзи. Страв за роднините, за саканите. Не знаевме што да правиме, каде да бегаме или како да се однесуваме“, вели Ана Дудка, жител на Киев.
„Никој не мислеше дека војната може да започне и дека директно ќе го заземат Киев“, рече Антон Миронов, жител на Киев.
„Тука сум затоа што мислам дека ова е единственото место за престој во Киев во моментов. Сите други места се застрашувачки“, додава Богдан Војтенко, жител на Киев.
Арта Тахири