Украинската армија може да го користи британското оружје на територијата на Русија, потврди британското Министерство за одбрана.
Портпаролот на британското МО истакна дека Украина „има право на самоодбрана од руските агресивни напади, што не исклучува операции во Русија“.
Британското Министерство за одбрана истакна дека украинските сили не смеат да ги употребува ракетите „Сторм шадоу“ (Storm Shadow) надвор од границите на Украина.
Тоа значи дека украинските сили можат да користат противтенковски ракети, артилерија, оклопни возила и друго британско оружје на руска територија, пренесе МИА.