Во јануари, на повеќе локации низ њујоршката населба Стејтен Ајленд, некој креативно, но незаконски ги блокирал камерите за надзор на брзина користејќи пластични цвеќиња, објави CBS.
Фотографиите и видеата брзо станаа вирални на социјалните мрежи, а многумина ја пофалија генијалноста на овој необичен чин на саботажа.
„Некој оди наоколу ставајќи цвеќе на сите камери за регулирање на брзина. Другар, ти купувам пиво!
Цветовите беа прикачени со селотејп, а на секоја камера беше оставена порака:
„Разубавување на Стејтен Ајленд во режија на нашиот тим“.
“NYC’s so-called ‘Beautification Squad’ is making waves—planting flowers & trees to block speed cameras, claiming it’s for ‘beauty’ but conveniently sparing drivers from tickets. A creative protest or crossing the line? Check out these photos and decide for yourself. pic.twitter.com/SU1JQkshnG
— Frank Morano (@frankmorano) January 15, 2025
Одделот за транспорт на градот соопшти дека досега отстранил најмалку 14 такви пречки.
Градоначалникот на Стејтен Ајленд Вито Фосела рече дека иако не го одобрува овој чин, тој целосно ја разбира фрустрацијата на граѓаните.
„Камерите првично беа поставени исклучиво во близина на училишта за да ги заштитат децата, но сега тие се насекаде и работат 24/7“.
Фосела верува дека системот на камерите ја изгубил првобитната намена:
„Во суштина, ова повеќе не е само за заштита на децата околу училиштата. Целата приказна е целосно променета. На луѓето, мислам, им е уморно постојано да им се кажува: „Мораме да го правиме ова и она за ваша безбедност, кога навистина се работи само за пари“.
Сепак, градските власти не одговорија на „јазикот на цвеќето“. Во официјалното соопштение тие беа јасни:
„Брзината убива. Покривањето камери со цвеќиња е неприфатливо и ги загрозува животите. Активно соработуваме со полициската управа во Њујорк, а сторителите ќе одговараат за загрозување на јавната безбедност.
Текстот Брзите камери во Њујорк покриени со пластични цвеќиња, властите револтирани е превземен од МАКФАКС.