Вкусна, лесна и идеална за попладне.
Состојки за тесто:
2 белки
2 лажици шеќер
2 жолчки
2 ипол лажици брашно
Состојки за фил:
100 грама топено бело чоколадо
3 жолчки
50 гр. шеќер
250 мл. млеко
1 кесичка желатин
Како дополнителна состојка ќе ви бидат потребни јагоди.
Подготовка:
Измешајте ги состојките за тестото и ставете ги во калап. Печете на 180 степени 8 минути. Додека е тестото топло, ставете врз него 2-3 лажици студено млеко.
Матете ги жолчките со шеќерот и додадете го млекото. Варете додека смесата не се згусне. Во неа додадете го стопеното бело чоколадо и активираниот желатин. Филот убаво да се соедини. По надворешниот дел на калапот наредете јагоди, па ставете го филот. По желба јагоди може да додадете и во средина на филот.
Оставете да се излади. Декорирајте по желба.
Наздравје.