Луѓето кои редовно вежбаат и се во добра форма секогаш можат подолго да стојат на едната нога, што експертите го поврзуваат и со животниот век.
Ако не можете да стоите на едната нога најмалку 20 секунди, дури и ако сте генерално здрави, тоа може да укажува на зголемен ризик од оштетување на малите крвни садови во мозокот.
Доколку почнете да се нишате и чувствувате дека ќе паднете, ваквото кратко стоење на едната нога може да биде предупредувачки знак за загрозено здравје, па дури и опасност од Паркинсонова болест, мозочен удар или Алцхајмерова болест.
Некои други изменети состојби на човечкото тело доведуваат до губење на силата и рамнотежата кои се клучни за стоење на една нога – на пример, бременост или менопауза. Силно влијание имаат и психолошките фактори, на пример, стресот поради пензионирање или некоја тешка медицинска дијагноза.
Сепак, лекарите предупредуваат дека најважно е резултатите од овој едноставен тест да се сфатат како поттик што поскоро да се започне со некоја физичка активност, бидејќи вежбањето и активноста влијаат на здравјето и квалитетот на животот.