Патникот на завршниот турнир од пресметката меѓу Ефес и Панатинаикос ќе го реши петтиот меч. Вечерва, Ефес успеа да го изедначи резултатото во серијата на 2:2 откако победи со 85:82.
Панатинаикос го отвори натпреварот подобро и успеа да поведе со 9:4. Следеше серија од 10:0 на Ефес, но ниту еден тим не успеа да направи посериозна предност.
Екипите го менуваа водството во текот на првото полувреме, а на крајот Ефес имаше пет бода предност на „големата пауза“.
Впечатокот од првото полувреме секако беше фактот дека МВП-то и најдобриот стрелец во лигашкиот дел од натпреварувањето, Кендрик Нан, дури и не шутираше од поле во првите 20 минути.
Ефес го отвори подобро второто полувреме и набрзо успеа за прв пат да стигне до двоцифрена предност. Не траеше долго, следеше серија од 10-0 на Панатинаикос за ново израмнување.
Голема борба се водеше во третиот дел од натпреварот, кој беше најефикасен за двата тима, но во интересна завршница, Ефес ја задржа предноста.
Решавачкиот период беше обележан со грешки од двете страни. Елајџа Брајант го одржа Ефес во живот.
На минута до крајот, Митоглу промаши чиста тројка и шанса да му донесе предност на Панатинаикос од два поени, потоа Брајант ја постигна својата четврта тројка и му донесе предност на Ефес од 77:73 на 38 секунди до крајот на натпреварот.
Во следниот напад на Панатинаикос, Дужер одигра одлична одбрана врз Нан, како што правеше во текот на голем дел од натпреварот, но Нан успеа во вториот обид да постигне тројка за 77:76 на нешто повеќе од 20 секунди до крајот. Одговорот дојде од Шмитс, со прекршок на 16,8 секунди до крајот. Шмитс промаши, но Осман направи неспортски фаул.
Ергин Атаман се скара со навивачите и ја напушти салата пред крајот на натпреварот.
Брајант го предводеше Ефес до победата со 19 поени, Шмитс уфрли 15, а Османи 14. Ларкин имаше девет поени и девет асистенции.
Од другата страна, најдобри беа Осман со 22 поени, Ернангомез со 15 и седум скока, Слукс со 14 поени и шест асистенции и Нан со 12 поени.
Текстот Брајант блескаше, Ефес изедначи во серијата со Панатинаикос е превземен од МАКФАКС.